Министерството за транспорт и врски распиша јавна објава за јавно наддавање за отуѓување градежно земјиште сопственост на РМ за изградба на хотел со пет ѕвездички на Охридското Езеро. Земјиштето е лоцирано на дел од туристичкиот локалитет Горица во Општина Охрид. Почетната цена за наддавање за оваа локација со вкупна површина од 15.878 метри квадратни изнесува 61 денар од метар квадратен. Ова е согласно одлуката на Владата на РМ за изменување на Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на државата. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават до 26-ти овој месец до Министерството за транспорт и врски, а јавното наддавање ќе се одржи на 2. ноември годинава во 11 часот.
Министерството за транспорт и врски распиша јавна објава за јавно наддавање за отуѓување градежно земјиште сопственост на РМ за изградба на хотел со пет ѕвездички на Охридското Езеро.
Земјиштето е лоцирано на дел од туристичкиот локалитет Горица во Општина Охрид. Почетната цена за наддавање за оваа локација со вкупна површина од 15.878 метри квадратни изнесува 61 денар од метар квадратен. Ова е согласно одлуката на Владата на РМ за изменување на Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на државата.
Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават до 26-ти овој месец до Министерството за транспорт и врски, а јавното наддавање ќе се одржи на 2. ноември годинава во 11 часот.
Минимум услови што треба да ги исполни хотелот кој ќе се изгради се содржани во Правилникот за категоризација на угостителските објекти што е усогласен со стандардите на Европската унија.